Барса е заинтересирана да го ангажира Погба, но проблем е сумата која е подготвена да ја плати

by
1 минути читање

Барселона според
неофицијалните информации е заинтересирана да го ангажира фудбалерот од
средниот ред на Манчестер јунајтед, Пол Погба, но, Каталонците за Французинот
се подготвени да платат половина од цената која ја постави Премиерлигашот за него.

Тимот од Олд
Трафорд, според пишувањата на Островот поставил цена од 200 милиони фунти за
својот фудбалер кој е во војна со својот тренер Жозе Мурињо, а сето тоа веќе му
прави големи проблеми на португалскиот стратег.

Од друга страна
пак, Барселона сака да го доведе Погба идното лето, и покрај тоа што за него
сериозен интерес има од Реал Мадрид, ПСЖ и Јувентус, а Каталонците се надеваат
дека понуда вредна 100 милиони фунти, дополнително и некои бонуси во истата, е доволно за
да се реализира овој трансфер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×