„Барса е две класи погоре од Манчестер јунајтед“ – Солскјер со искрен коментар откри колку време ќе му треба да ги врати „ѓаволите“ на врвот

by
1 минути читање

На сите им беше
јасно дека овој Манчестер јунајтед не е подготвен за највисоки дострели, можеби чудото во Париз против ПСЖ донесе мала доза но оптимизам, но
синоќешниот пораз на Камп Ноу од 3-0 е само уште еден доказ дека клубот од Олд
Трафорд треб да прави реконструкција на тимот.

Оле Гунар
Солскјер вели дека ги чека многу работа и ќе бидат потребни години за да го
достигнат нивото на „каталонците“ и останатите топ екипи.

„Доколку сакаме
да се вратиме на она вистинското ниво на Манчестер јунајтед, вистинската
традиција, мораме да се надигуравме со екипи како Барселона. А тие сега се две
класи погоре“
– вели Норвежанецот.

„Не чека многу
работа. Ништо нема да се случи преку ноќ, следните неколку
години ќе бидат од огромна важност за да го стигнеме нивото на Барселона и
другите топ клубови“.

„Веќе ги
засукавме ракавите, разговаравме со играчите за тоа како да го извадиме
најдоброто од себе, да креираме околина каде секој ден ќе се однесуваме како што
им доликува на играчи и клуб од светска класа. Имаме добра основа и квалитетни
фудбалери околу кои можеме да го градиме тимот. Секако за старт, летоска ќе ни
требаат и едно или две засилувања“.

„Вечерва можеше
да се види разликата помеѓу двата тима. Квалитетот на нивниот финиш е
извонреден. Добро го започнавме мечот, бевме одлични во првите 15 минути и
мислевме дека можеме да извлечеме добар резултат, и потоа тие постигнаа два
гола за четири минути…“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×