Барселона договори трансфер на 16 годишниот Кардосо Варела од Динамо Загреб вреден 5 милиони евра, плус додатни 20 милиони евра во бонуси, па добија допис од Порто и закана за тужба.
„Каталонците“ можат да се најдат во големи проблеми поради ангажман на перспективниот Кардосо Варела.
По синоќешните гласини дека е договорен трансфер со Динамо Загреб вреден околу 5 милиони евра, плус додатни 20 милиони евра во бонуси, реагирале од таборот на Порто и испратиле допис до Барселона и Фудбалската федерација на Шпанија барајќи објаснувања.
Имено, Кардосо Варела потекнува од школата на Порто, и уште тогаш важеше за еден од најперспективните во својата генерација и беше на радарот на најголемите клубови во Европа како Манчестер Сити, Интер, Баерн, Барселона, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Јувентус и Борусија Дортмунд.
Кога тој требеше да потпише нов договор, едноставно исчезна и неговиот агент, Енди Бара (истиот агент на Дани Олмо и Жоан Гарсија) реши да го однесе во четврта лига во Хрватска во НК Динамо Ордански Обреж.
Кратко потоа тој се сели во Динамо Загреб, а „модрите“ сега си подаваат рака со Барселона за богат трансфер.
Порто верува дека ова е само добро организирана шема за тие да бидат изиграни, и веќе го имаат пријавено целиот случај до ФИФА.
Клубот од „Драгао“ објаснува дека агентот ја искористил лошата финансиска ситуација на родителите на Кардосо Варела и неговата преселба во Хрватска ја опишуваат како „киднапирање“.