Барса доби привремена дозвола да ги регистрира Олмо и Пау Виктор!

by bojan
1 минути читање
Дани Олмо

Судот и дозволи на Барселона привремено да ги регистрира Дани Олмо и Пау Виктор додека во целост да се разгледа приговорот кој го доставија „каталонците“.

Добри вести за Ханси Флик, ќе може да ги има на располагање Дани Олмо и Пау Виктор.

Откако Ла Лига и Фудбалската федерација на Шпанија го одбија барањето за регистрација, Барселона достави жалба до Вишиот совет за спорт (CSD)

Вечерва од таму објавија дека одлучиле да издадат итна мерка и Барселона на привремена основа да ги регистрира Дани Олмо и Пау Виктор додека во целост да се разгледа приговорот кој го доставиле „каталонците“.

Приговорот може да биде разгледуван и до три месеци, па Жоан Лапорта и неговите соработници купија време и Дани Олмо и Пау Виктор ќе можат да му се стават на располагање на тренерот Ханси Флик.

Тие нема да бидат во комбинација за денешниот натпревар помеѓу Барселона и Атлетик Билбао во Суперкупот на Шпанија, но ќе можат да играат во евентуалното финале.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани