Со недели се
шпекулира дека Миралем Пјаниќ се има договорено со Барселона, и останува
„каталонците“ да пронајдат формула со Јувентус за условите под кои ќе се
реализира трансферот.
„Старата дама“ го
побара Артур Мело, но Бразилецот одби да замине од Камп Ноу.
Се чинеше дека
преговорите се блокирани и дека Јувентус преговара за слична зделка со Челси
(трампа на Пјаниќ за Жоржињо и Емерсон), но според пишувањата на Спорт, начелно
е постигнат договор помеѓу двата клуба.
Каталонскиот
весник пишува дека Барселона и Јувентус си подале рака за трансфер според кој десниот
бек Нелсон Семедо ќе се пресели во Торино во замена за Миралем Пјаниќ и Матија Де Шиљо а „старата дама“ плус ќе доплати и 25 милиони евра, пари кои клубот од Камп
Ноу ќе ги стави во фондот наменет за услугите на Лаутаро Мартинез од Интер.