Медиумите од Шпанија пренесуваат дека бордот на директори на Барселона денеска го одобрила новиот спонзорски договор со Најк кој значително ќе ги зголеми приходите.
Подолго време се говори дека Жоан Лапорта е во преговори со Најк за нова соработка, која треба да биде една од најголемите во светот на фудбалот.
Медиумите од Шпанија вечерва објавија дека бордот на директори на Барселона денес имал состанок на кој бил одобрен новиот спонзорски договор со Најк.
Се очекува во следниот период да има повеќе детали, а првичните информации велат дека Барселона до 2028 година, секоја сезона ќе добива околу 48 милиони евра повеќе од сегашните услови. Од 2028 па до 2038 година, „каталонците“ ќе добиваат помеѓу 58 и 60 милиони евра повеќе од сегашните услови.
Исто така, на овие суми треба да се додаде и бонус од околу 100-120 милиони евра.