Барса чека чудо на 3. јануари, во спротивно ќе претрпи голем срам и огромна финансиска загуба

by bojan
2 минути читање
Дани Олмо

„Каталонците“ очекуваат дека утре ќе можат да презентираат целосна документација за отстапување на дел од ВИП ложата на новиот Камп Ноу и да добијат зелено светло за регистрација на Дани Олмо и Пау Виктор.

Ла Лига вчера ги избриша Дани Олмо и Пау Виктор од листата на регистрирани фудбалери откако Барселона на 31. декември не достави доволно гаранции дека е обезбеден дополнителен приход преку отстапување на дел од ВИП ложата на новиот Камп Ноу на инвеститори од Дубаи и Катар.

„Каталонците“ сега чекаат чудо на 3. јануари, очекуваат дека утре ќе можат да презентираат целосна документација и да докажат дека ќе парите ќе легнат на сметките, а со тоа да добијат зелено светло за регистрација на Дани Олмо и Пау Виктор.

Доколку ова не се случи, Барселона ќе претрпи голем срам – по само шест месеци ќе остане без единственото големо летно засилување, но ќе доживее и огромна финансиска загуба.

Дани Олмо има клаузула според која може да стане слободен играч доколку Барселона не успее да го регистрира за вториот дел од сезоната.

При едно вакво сценарио, Барселона ќе треба на фудбалерот да му ја исплати целата плата што му следи до крајот на договорот во јуни 2030 и покрај тоа што Шпанецот играше само шест месеци.

Барселона исто така на РБ Лајпциг ќе продолжи да му ја плаќа трансфер сумата од зделката која беше вредна 48+7 милиони евра, и ќе биде принудена да ги промени билансите за сезоната 2024/25, па наместо Дани Олмо да биде амортизиран во период од шест години, целата сума ќе треба да биде впишана како загуба оваа година, и ова ќе донесе негативен импакт врз финансискиот извештај.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани