Барнли покажа класа и на уникатен начин му оддаде почит на Жота (ФОТО)

by Стефан
1 минути читање

Ливерпул во четвртото коло од Премиер лигата гостуваше кај Барнли и дојде до победа со голот на Мохамед Салах од пенал, постигнат во петтата минута од судиското продолжение.

По натпреварот навивачите на „црвените“ истакнаа и еден навистина гест за кој се погрижија домаќините. Од редовите на Барнли на уникатен начин му оддадоа почит на Диого Жота, фудбалерот на Ливерпул кој трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа.

Во традиционалната програма за натпреварот, меѓу имињата на фудбалерите на Ливерпул беше запишано и името на Жота. До неговиот број 20, кој клубот од „Енфилд“ го повлече од употреба во сите категории, буквите беа испишани со зелена боја за да се издвои од останатите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×