Челси според
информациите кои пристигнуваат од Островот ќе подразмисли добро за тоа дали да
продолжи во обидот да дојде до потписот со Арон Ремси по фантастичната форма во
која се наоѓаат Рос Баркли и Рубен Лофтус-Чек.
Договорот на
Ремси со Арсенал истекува на крајот од идното лето, по што тој би станал
слободен играч на трансфер пазарот, а за неговите услуги може да се преговара
уште во јануари откако пропаднаа сите преговори помеѓу него и тимот од Лондон
за продолжување на соработката.
Маурицио Сари го
извлече максимумот од Рос Баркли кој постигна три гола а имаше и исто толку
асистенции во последните три меча за Челси, од друга страна, Лофтус-Чек, во
меѓувреме постигна хет-трик во Лига Европа против БАТЕ Борисов, а веднаш потоа
постигна и гол против Барнли во Премиерлигата.