478
Николо Барела наскоро ќе стави потпис на нов договор со Интер според кој ќе стане најплатен италијански фудбалер во лигата.
Според „Газета дело Спорт“, годишната плата на Барела ќе изнесува 7 милиони евра со вклучени бонуси.
Во моментов најплатен Италијанец е соиграчот на Барела, Алесандро Бастони со годишна плата од 5,5 милиони евра, следува Федерико Киеза од Јувентус кој заработува 5 милиони евра за една година.