Барела летоска ќе биде ставен на мака, ќе има 140 милиони причини да го напушти Интер

by bojan
1 минути читање

Медиумите од Италија пренесуваат дека Ал Хилал летоска ќе има нов обид да го ангажира Николо Барела и на фудбалерот ќе му понуди четиригодишна соработка со плата од 35 милиони евра по сезона.

Ал Хилал во јануари тропнал на вратата на Николо Барела, но фудбалерот од средниот ред културно го одбил предлогот, сака да продолжи да го носи дресот на Интер.

Но како што пренесува Газета дело Спорт, Арапите нема лесно да се откажат и летоска ќе имаат нов обид да го ангажираат Италијанецот.

Николо Барела ќе добие четиригодишна соработка тешка 140 милиони евра, односно плата од 35 милиони евра по сезона.

Со вакви бројки, тој ќе биде далеку најплатениот италијански фудбалер во историјата.

Во моментов, Николо Барела има плата од 6,5 милиони евра и со Интер е обврзан на соработка до јуни 2029.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани