185
Интер ја потврди повредата на Николо Барела, се предвидува дека ќе се врати на теренот по репрезентативната пауза.
Барела го пропушти денешниот тренинг на Интер и врз него беа направени медицински тестови по што беше констатирана мускулна повреда.
Според „Скај Спорт Италија“, Барела ќе ги пропушти следните три натпревари на Интер, против Удинезе, Црвена звезда и Торино. На теренот ќе се врати по репрезентативната пауза.