Барди во пресрет на дербито со Валенсија: Лани погодив, ова е посебен меч за нас

by
1 минути читање

Леванте на нашиот
Енис Барди викендов го игра големото градско дерби против Валенсија во рамките
на третото коло од шпанската Примера.

Македонскиот
репрезентативец лани постигна шест погодоци за шпанскиот прволигаш, од кои еден
токму против големиот ривал на неговата екипа, тој вели дека чувството било
одлично.

Сериозно,
чувството беше одлично да се постигне гол на едно вакво дерби, ова е посебен
меч за нас, би сакал се
да
се одвива според плановите, мораме да го дадеме максимумот од нас. Имаме одлична
атмосфера во тимот, играме пред своја публика, ги имаме сите предуслови, но, да
сочекаме што ќе се случи на мечот, се надевам дека ќе ги освоиме трите бодови

рече Барди во пресрет на утрешното дерби во Валенсија.

Знам дека нашите
фанови се многубројни и насекаде каде што играме не поддржуваат, ние ја
чувствуваме нивната поддршка, знам дека ќе имаме многу фанови на дербито а ние
ќе им покажеме и докажеме дека имаме победнички менталитет
“ додаде Македонецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×