79
Играчот на Леванте, Енис Барди е интересен за шпанските медиуми бидејќи Вардар од неговата земја доаѓа на меч против Реал Сосиедад.
„Чувствувам посебна возбуда бидејќи ќе го гледам Вардар, еден од најдобрите клубови од мојата земја, како игра тука во Шпанија против Реал Сосиедад. Ова е значаен ден за Македонија, натпреварот ќе биде следен од илијадници фанови пред екраните, и јас секако нема да го пропуштам“ – вели Барди за „Диарио Васко“.
„Вардар игра за да остане во натпреварувањето и сигурно нема да излезат со бело знаме. Фудбалерите ми кажаа дека се среќни и мотивирани што ќе играат на Аноета и уверени се дека можат да изненадат. Ги гледав како тренираат“.
Натпреварот се игра вечерва со почеток од 21:05.