Барди: Утре на трибините нема да многу наши навивачи, но знаеме дека зад нас стои цела нација!

by Стефан
1 минути читање

Заедно со селекторот Благоја Милевски на денешната прес-конференција пред утрешниот натпревар присуствуваше и капитенот Енис Барди.

Натпреварот за Македонија е од голема важност, меѓутоа капитенот потенцираше дека прво ќе уживаат на теренот.

„Добро знаеме сите што значи овој натпревар, но прво треба да уживаме и да дадеме максимум, долго време сме без пораз и време е утре дадеме и повеќе од тоа што можеме. Многу пати забораваме да уживаме во моментот, кога мислам да уживаме, мислам да се бориме, да трчаме и да оставиме срце на терен. Во некои натпревари играте колку што противникот ќе ви дозволи, Белгија е една од најсилните селекции и моравме да се браниме, Велс не игра на тој начин, но има агресивни фудбалери.

Утре на трибините нема да има многу наши навивачи, но знаеме дека зад нас е цела нација. Дај Боже сите да се радуваме на позитивен резултат“, изјави Барди.

Натпреварот помеѓу Велс и Македонија е закажан за во терминот од 20:45 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×