Барди: Шпанија е фаворит, но за резултатот се прашуваме и ние

by
1 минути читање

Македонската репрезентација до 21 година во Полска се подготвува за премиерниот меч на Европското првенство кој ќе го одигра во сабота против Шпанија.

Нашите фудбалери се максимално мотивирани и без страв, со самодоверба на победа ќе играат против големиот фаворит.

„Веројатно кај сите се чувствува позитивна трема, но тоа е добро – на тој начин знаеме дека ќе бидеме подготвени. Фокусирани сме на тренинзите и задачите кои ни ги дава селекторот. Подготвени сме за предизвикот, знаеме дека поминавме тежок, исцрпувачки пат до пласманот на Европското првенство и ќе дадеме се од себе да продолжиме со позитивни резултати. Имаме амбиција и ентузијазам, знаеме и кои е нашиот прв противник, но ќе дадеме максимум за некои работи на теренот да се прашаме и ние, вели Енис Барди за официјалниот сајт на ФФМ.

Фото: ФФМ

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани