Капитенот на Македонија, Енис Барди вели дека е научена лекцијата од Кардиф и тешкиот пораз против Велс, па против Данска ќе покажат што знаат и ќе се обидат да го елиминираат фаворитот.
„Црвено-жолтите“ по потешкиот пат ќе го бркаат мундијалскиот сон, за ова придонесе големиот пораз во Велс од 7-1 во последното коло во квалификациите.
Па билетот до САД ќе го бараме преку Копенхаген, па до Прага или Даблин.
„Знаеме кои се силните и слабите страни на Данска, добро се подготвивме за натпреварот, анализиравме, разговаравме…“ – вели капитенот на Македонија, Енис Барди.
„Научивме многу работи од поразот во Кардиф, свесни сме што може да ни донесе овој натпревар“.
„Ние сме едно големо семејство, се чуваме еден за друг, секој е добредојден во репрезентацијата. Ги примивме многу добро новите репрезентативци, мислам дека секој од нив влезе во ритам“.
„Треба да го дадеме максимумот, да го исполниме она што се бара од нас и на крај да бидеме среќни и да ја израдуваме Македонија, да се вратиме со кренатаи глави“.
Тој потоа откри дека Елиф Елмас им давал совети на нашите дефанзивци како да го сопрат Расмус Хојлунд, со кого дели соблекувална во Наполи.
„Данска игра офанзивен фудбал, но ние сме подготвени, мислам дека знаеме кои се слабите точки на противникот. Направивме многу анализи, знаеме како да ги неутрализираме нивните напади, подготвени сме за тоа што не очекува утре“.
„Елмас пред неколку дена зборуваше со дефанзивците како да го чуваат Хојлунд и на што треба да обрнат внимание“.
ФОТО: ФФМ