Барди проговори за интересот на ПСЖ, Интер и Сандерленд, ја издвои и лигата кон која има посебни симпатии

by
1 минути читање

Енис Барди, 22 годишниот
македонски интернационалец од редовите на шпанскиот прволигаш Леванте бележи
фантастични настапи, а тој влезе во нотесот на Сандерленд, ПСЖ и Интер кои
испратија скаути да го следат нашиот репрезентативец.

Нашиот интернационалец е
скромен, вели дека не сака да биде ѕвезда, а ветува дека ќе дава максимум од
себе и во иднина, а додаде дека фудбалот во Шпанија му одговара во секој
поглед.

Имам четири погодоци на
11 натпревари, ме третираат како ѕвезда, постојано ме следат, но не сакам да
бидам ѕвезда. Нема да застанам со мојата напорна работа, ќе се обидам да
постигнувам што е можно повеќе погодоци. Работев многу напорно уште од моето
рано детство, да играм во Ла Лига ми беше сон. Знаев дека ова беше ниво кое
можам да го остварам, јас сум технички добро подготвен фудбалер, сакам да ја
имам топката во своите нозе, исто како и шпанските фудбалери, играм
слично на нивниот стил, имав среќа одлично да се вклопам тука, тоа е тајната на
успехот
“ вели 22 годишниот Барди.

Тој проговори и за
интересот на гигантите, среќен е поради тоа, но не и толку важно во овие
моменти, велејќи дека фокусиран е само на Леванте, а издвои една лига во Европа
кон која има посебни симпатии.

Јас сум моментално
фокусиран да бидам што е можно подобар во дресот на Леванте, слушнав за
интересот на ПСЖ, Интер и Сандерленд, тоа беше интересно за мене, но не и толку важно во
овој момент. Ќе бидам искрен и ќе издвојам дека имам големи симпатии за
Премиерлигата, но исто така можам да играм добро во сите пет најдобри лиги во
Европските шампионати. Во овие моменти се
што посакувам е да му помогнам на Леванте максимум што
можам
“ изјави македонскиот репрезентативец за унгарски „ДигиСпорт“. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×