88
Иако беше повреден, селекторот Ангеловски го стави Барди на списокот за овие дуели со надеж дека ќе може да се опорави навреме, но тоа не се случи.
Барди отпаѓа поради повреда, а Игор Ангеловски во репрезентацијата дополнителни ги повика Ѓорѓи Стоилов од Академија Пандев и Марио Младеновски од Вардар.
Првиот собир на репрезентацијата е закажан за утре од 12 часот во хотелот „Гранд Плаза“, а тренингот е од 19 часот на националната арена „Тодор Проески“.
Македонија на десети октомври ја пречекува Словенија во Скопје, а три дена подоцна гостува кај Полска.