710
Капитенот на македонската репрезентација, Енис Барди е пред заминување од Трабзонспор, а како негова следна дестинација се споменува Динамо Загреб.
Турските медиуми пишуваат дека Динамо Загреб сака да ја искористи ситуацијата на Барди во Трабзон и да потпише со македонскиот фудбалер.
Барди е немилост на тренерот на Трабзонспор, па не настапува и веројатно ќе го напушти клубот во јануари.
Ако потпише за Динамо би имале дури тројца репрезентативци во овој клуб, Барди, Ристовски и Адеми.
Ристовски неодамна преку инстаграм стори најави враќање во репрезентацијата и тоа заедно со Адеми.