22 годишниот Енис Барди одлично се адаптираше во новата
средина каде дојде летово за сума од 1,5 милион евра од унгарски Ујпешт, а тој
веќе е во фокусот на вниманието во Шпанија.
Во интервју за клупската телевизија на Леванте, нашиот
фудбалер откри како се здобил со таква умешност кога се во прашање изведувањето
на слободните удари, она што е се чини најголемо „оружје“ на нашиот
репрезентативец.
Ова не е прв пат Барди да говори на оваа тема, ако се земе во предвид дека пред извесен период и шпанските медиуми се интересираа за оваа тема.
„Многу луѓе ме прашуваат за ова и јас постојано го велам
истото. Премногу тренирав на удари од прекини, уште од најраните години, но
мислам дека никогаш не бев толку добар како што сум сега. Мислам дека клучното
е што е потребна многу напорна работа за да бидете успешни во ова, со голема
желба во себе, секој може да биде толку добар, потребна е само работа…“
истакна Барди.
Леванте тргна одлично во новата сезона од Ла Лига, со
десет бода од осум одиграни натпревари се наоѓа на 12. Позиција на табелата,
односно со две победи, четири ремија и два порази.
Нашиот интернационалец на седум натпревари постигна три
гола засега.