Леванте на Енис Барди е
на добар пат да обезбеди осминафинале во шпанскиот Куп откако по првиот меч
против Џирона на гостински терен славеше со 0-2, а вечерва (21,30) реванш
дуелот го игра пред своја публика.
Стратегот од клупата на
Леванте, Хуан Муниз се соочува со доста проблеми во однос на повредени
фудбалери, а дел од тамошните локални медиуми во Валенсија ја отвораат можноста
нашиот 22 годишен интернационалец од Леванте, Енис Барди да биде поштеден за
вечерашната пресметка.
Македонскиот
репрезентативец одигра 90 минути во дуелот против Атлетико Мадрид на домашен
терен изминатиов викенд, каде Леванте пред своја публика доживеа дебакл од 0-5
во Ла Лига.
Очекувањата се местото
на Барди вечерва да го преземе 19 годишниот интернационалец од Мауританиа, Ел
Хацен.
Извор: plazadeportiva.valenciaplaza.com