Македонскиот
офанзивец од редовите на Леванте, Енис Барди постигна уште еден гол за својот
нов клуб, и тоа против Вилјареал, во пријателски натпревар каде неговиот тим
загуби со 3-1.
Токму првиот гол
на мечот кој му донесе предност на Леванте беше дело на Барди кој постигна
прекрасен гол од слободен удар, за истиот да биде вистинска мајсторија во
мрежата покрај топката влезе и голманот на Вилјареал, Андрес.
„Маестрален
гол на Барди за Леванте“ пишува „Супердепорте“, инаку локален медиум во
Валенсија.
„Македонецот
покажува одлична ефективност во офанзивата, тешко дека некој може да го
запре…“
„Андрес имаше
невозможна мисија во обидот да го спречи голот на Леванте од слободен удар,
дело на Барди, Македонецот е сензација во тимот на Леванте во пресезонските
подготовки“ додава локалниот медиум во Валенсија, во извештајот за контролката
помеѓу Леванте и Вилјареал.
Извор/Фото-вест:
superdeporte.es