Барди исфрлен од првиот тим на Трабзонспор!

by riste
1 минути читање

Капитенот на македонската репрезентација, Енис Барди заедно со уште тројца играчи на Трабзонспор се исфрлени од првиот тим на овој клуб.

Барди додека е со македонската репрезентација пред престојните дуели со Летонија и Фарски Острови, доби непријатни вести од Турција.

Трабзонспор излезе со соопштение во кое се вели дека Барди и уште тројца играчи ќе тренираат одвоено од првиот тим за да ги подобрат своите перформанси.

„Како резултат на денешниот состанок меѓу претседателот Ертугрул Доган, потпретседателот Зејат Кафкас и тренерот Шенол Ѓунеш, одлучено е нашите фудбалери Мислав Оршиќ, Стефано Денсвил, Енис Барди и Умут Бозок да тренираат одвоено за да ги подобрат своите перформанси“, пишува во соопштението од клубот.

Ова можеби значи дека Барди ќе треба да си бара нов клуб во јануари, неговата иднина во Трабзонспор очигледно не е розева.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани