Леванте нема
победа на последните четири меча и забележа дури три порази, но и покрај тоа
атмосферата во тимот е на високо ниво, судејќи по денешната шега која ја
направи тренерскиот персонал.
Додека Енис Барди и соиграчите
го одработуваа тренингот и се подготвуваа за мечот со Еибар, на нивните автомобили
беа оставени „казни“ за погрешно паркирање.
Фудбалерите имаат
резервирани паркин места внатре на стадионот, но добар дел од играчите во обид
што побрзо да стигнат на тренинг, паркираат каде ќе стигнат.
За жал, „казните“
кои беа оставени под бришачите биле тргнати пред да заврши тренингот, па не
можела да се види реакцијата на фудбалерите. Сепак, гласината дза казните се
проширила брзо во соблекувалната и играчите еден период мислеле дека навистина
ќе требаат да плаќаат глоба.
Биди модерен, обложувај
се онлајн, играј на BetAdria.com, до 100 ЕУР БОНУС за прв депозит, регистрирај
се ТУКА.