Барди го раскина договорот со Трабзонспор, се враќа во Шпанија!?

by riste
1 минути читање

Турските медиуми пишуваат дека Трабзонспор и Енис Барди се договориле за спогодбен раскин на договорот, тоа значи дека македонскиот капитен како слободен играч ќе си бара нов клуб.

Барди оваа сезона почесто беше надвор од теренот отколку на него. Неколку месеци беше и потполно изолиран, тренираше индивидуално, а сето ова кулминира со раскин на договорот.

За Барди е добро што сега како слободен играч ќе може да го побара неговиот нов клуб, а се пишува дека има неколку понуди од Шпанија.

Како најзагреан за неговиот потпис се посочува Еспањол, наводно заинтересирани се и Легањес и Рајо Ваљекано.

Не се отфрла можност Барди да остане и во Турција, но да се пресели во друг клуб.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани