Барди го подготвуваше своето најсилно оружје за дуелот против Барселона (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Леванте избори
опстанок во елитното друштво од најсилниот шпански фудбалски шампионат, а
Барселона пак нема опасност во однос на титулата во тоа првенство која веќе ја
освои, па така, и двете екипи влегуваат без никаков притисок вечерва во
Валенсија во мечот од претпоследното коло во Примера.

Тие и двајцата
носат број 10 на своите дресови, истите се со идентична боја, а обајцата делат
и еден специјален талент
“ гласеше насловот на објавата која ја имаше Барселона
на социјалните мрежи во споредбата која ја направи помеѓу Лионел Меси, првата
ѕвезда на Каталонците, и Енис Барди, македонскиот интернационалец кој успешно
ги брани боите на Леванте.

Аргентинецот има
шест постигнати погодоци сезонава од слободни удари, нашиот фудбалер има пет
зад своето име, па вечерва ќе има можност да се израмни со Меси, кој, не е во
составот на Каталонците, па на теренот ќе има само еден велемајстор во обидите
од прекините.

Барди останал по
тренингот на Леванте во пресрет на дуелот со Каталонците да го подготвува
своето најсилно оружје, слободните удари…

Видеото кое го објави „Марка“ проследете гоТУКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×