Барди: Го анализиравме Лихтенштајн, знаеме што треба да направиме

by riste
1 минути читање

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Енис Барди очекува тежок дуел со Лихтенштајн иако Македонија е голем фаворит на хартија.

Барди повикува на претпазливост, знае дека противникот не смее да се потцени и свесен е колку се важни трите бода од овој натпревар.

„Сметам дека ќе имаме тежок меч, така беше и во Вадуц додека да го отвориме резултатот. Свесни сме што не очекува, направивме анализи и знаеме што мора да поправиме. Подготвени сме за дуелот со Лихтенштајн, три бода од овој натпревар можат многу да ни дадат, би го завршиле овој прозорец на првото место“, вели Барди.

„Лихтенштајн и Белгија се комплетно различни противници. Секогаш кога се игра за Македонија не ни е потребен мотив плис. Секогаш не води шансата за трите бода. Свесни сме дека победа може многу да ни донесе. Одиме чекор по чекор, прво да победиме утре, а потоа ќе мислиме на следните противници“.

Натпреварот меѓу Македонија и Лихтенштајн се игра утре со почеток од 18 часот на Националната арена „Тодор Проески“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×