Барди: Да ја однесеме Македонија онаму каде што сонуваме

by bojan
1 минути читање

Капитенот на Македонија, Енис Барди вели дека во модерниот фудбал нема фаворити, но очекува со максимален пристап да се освојат три бода на гостувањето кај Лихтенштајн.

По успешниот настап во Лигата на нации, пред Македонија сега е голем предизвик и квалификациите за мундијалот во САД, Канада и Мексико.

Прв противник на „црвено-жолтите“ е Лихтенштајн, нашите момци се фаворити, но капитенот Енис Барди вели дека ова ќе мора да го потврдиме на теренот.

„Во денешниот модерен фудбал нема фаворити, сите заслужуваат почит и бодовите треба да се заслужат на теренот“ – вели Енис Барди.

„Ова е нов старт за нас, сакаме да ја однесеме Македонија онаму каде што сонуваме и да направиме многу во овој циклус“.

„Имаме квалитет, ќе ни треба енергија и желба за победа против Лихтенштајн, и секако, ќе мора да влеземе со 100%“

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани