Барселона изненади со соопштението па брзо се пишмани, сега заминува само Алонсо (ФОТО)

by bojan
2 минути читање
Феликс, Кансело

„Каталонците“ попладнево соопштија дека се разделуваат со Маркос Алонсо, Жоао Феликс и Жоао Кансело, но брзо се пишманија, се корегираа и сега стои дека заминува само левиот бек.

На големо изненадување, Барселона брифираше дека Маркос Алонсо, Жоао Феликс и Жоао Кансело нема да продолжат и им се заблагодари за досегашната соработка.

Сепак, клубот од Камп Ноу брзо се пишмани, го корегираше соопштението, ги избриша постовите на социјалните мрежи и сега стои дека заминува само левиот бек.

Како што пишуваат новинарите блиски до Барселона, бил направен превид, и иако технички договорите на Жоао Кансело и Жоао Феликс завршуваат денес и од утре тие се играчи на Манчестер Сити и Атлетико Мадрид, спорен е делот каде што се вели дека „нема да продолжат“.

Барселона сака да ги задржи Жоао Феликс и Жоао Кансело и следната сезона, па затоа е направена корекцијата и во новата објава стои дека заминува само Маркос Алонсо.

Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани