Банко БПМ не сака да даде гаранции, трансферите на Бонучи и Биља висат во воздух

by
2 минути читање

„Росонерите“ имаа
одличен трансфер пазар, донесоа нови девет имиња за нешто над 200 милиони евра,
а до крајот на преодниот рок посакуваат да ангажираат уште едно звучно име за нападот.

Но последните
информации велат дека трансферот на Леонардо Бонучи вреден 42 милиони евра, и
оној на Лукс Биља вреден околу 17 милиони евра висат во воздух.

Милан до 11.
август треба да достави гаранции за исплата на превземените обврски и без овие
гаранции, двајцата фудбалери не можат да играат за „црвено-црните“ и затоа не
беа вметнати во составот за дуелот со Крајова во Лига Европа.

Според извештајот
на Калчо и Финанца, Милан побарал од својот спонзор, Банко БПМ да издаде
гаранции во нивно име, но банката одбила да го стори тоа.

Ова е вообичаена
практика за клубовите од Серија А кои имаат дефицит во буџетот, со тоа што кај
банките како залог ќе остават имот или идни приходи.

Но проблем е тоа што
речиси целиот имот на Милан е ставен под хипотека за инвеститорите од Кина да
добијат средства од хеџ-фондот Елиот Менаџмент со кои го превзедоа клубот од
семејството Берлускони.

Од Банко БПМ на
„росонерите“ им порачале дека ќе треба дел од иметот кој е заложен кај Елиот да
биде тргнат и да им биде препишан на нив, или пак да најдат некоја меѓународна
банка која ќе даде гаранции.

Па сега на потег
е Милан, и клубот од Сан Сиро до 11. август треба да го реши овој проблем или во
спротивно договорите на Леонардо Бонучи и Лукас Биља ќе бидат неважечки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани