580
Поранешниот италијански дефанзивец, Федерико Балзарети открива дека Ериксен не останал на теренот да ја прослави победата на Интер со останатите играчи, туку нервозен, директно се упатил кон соблекувалната.
„Ериксен отиде директно во соблекувалната без да ја прослави победата“, вели Балзарети.
„Тоа е добар знак, ако си лут, значи не се предаваш. Не е нешто лошо и покрај се, тоа значи дека нешто гори внатре во тебе и сакаш да дадеш повеќе“.
„Ваквите гестикулации не ги гледам како негативни работи“.
Но, се чини дека судбината на Ериксен се знае, во јануарскиот преоден рок тој најверојатно ќе го напушти Интер.