724
Италијанските медиуми најавуваат дека Марио Балотели ќе замине од Џенова незадоволен од минутажата, а веројатно кариерата ќе ја продолжи во Мексико.
Џенова го промовираше Балотели како ново засилување на крајот од октомври, но досега тој не се изнаигра.
Балотели има право да ја напушти Џенова до крајот на годината, а се шпекулира дека негова следна дестинација ќе биде Мексико.
Клубот кој сака да го донесе Балотели во своите редови е Круз Азул.
Балотели за Џенова одигра само 57 минути, а во негов прилог не одеше ниту даоаѓањето за тренер на Патрик Виеира со кој од порано не е во добри односи.