Балотели не сака да зборува за кошмарот на Енфилд: Не ме прашувајте за Ливерпул!

by
1 минути читање

Контроверзниот
напаѓач пристигна на Енфилд во август 2014 за 16 милиони фунти, но овој
трансфер се покажа како големо промашување.

Марио Балотели
постигна само еден погодок во Премиерлигата, и по 12 месеци во дресот на
Ливерпул, беше испратен на позајмица во Милан.

„Росонерите“ не
сакаа во целост да го откупат договорот на напаѓачот, Ливерпул не можеше да
најде купец па во август 2016 спогодбено беше раскинат
договор на Италијанецот, кој потоа потпиша за Ница.

Популарниот
„Супер Марио“ нема убави спомени од авантурата во Мерсисајд па во интервју за
Радио Монте Карло одби да говори за ова поглавје од неговата кариера.

„Не ми зборувајте
за Ливерпул!
– е
одговорот на Балотели на прашањето за клубот од Енфилд.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани