Балотели: Мајка ми почна да плаче кога и кажав дека ќе играм за Бреша

by
1 минути читање

Марио Балотели открива дека мајка му плачела од среќа кога дознала дека тој ќе игра за клубот од неговиот град, а сон на татко му било да го облече дресот на Бреша.

Иако како дете живеел во Бреша, Балотели за прв пат ќе игра во дресот на овој клуб. Посебни се емоциите кај него и неговите родители.

„Веројатно поголем дел од мојата кариера ја поминав надвор од Италија. Кога и кажав на мајка ми дека ќе имам можност да играм за Бреша и јас прашав што мисли за тоа, таа само почна да плаче. Беше многу среќна“, открива Балотели.

„Татко ми е од Бреша, тој навивал за тимот и негов сон беше да ме види како играм во овој дрес, па мислам дека и тој исто така е среќен“.

„Природно, како човек од Бреша, дербито со Аталанта е посебно и со години го немаше во Серија А, но секој меч е важен“.

„Со претседателот на Бреша се имам сретнато во Англија пред повеќе години. Мино Рајола дојде до оваа идеа и навистина не ми беше тешко да ја изберам Бреша“.

„Воопшто не се плашам. Мојата цел е да му помогнам на тимот колку што можам повеќе, да им дадам поддршка на моите соиграчи и да ја добијам поддршката од нив“.

„Целта ми е да играм за Италија на ЕВРО 2020. Зборев со Манчини кога ми честиташе роденден на почетокот од месецот. Бреша е мој град, па може да ми даде многу повеќе отколку другите места, и јас се надевам дека ќе и дадам на Бреша повеќе отколку што сум дал на друго место“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×