За големината на
Франческо Тоти како фудбалер и легенда на Рома нема потреба да се зборува
многу, но кога фудбалер и личност со карактерот на Марио Балотели ќе ви прости
вакво нешто, тогаш навистина сте голем.
Се играше „Копа
Италија“, во сезоната 2009/10, во големото финале кое се одигра на „Олимпико“
во Рим силите ги одмерија Интер и Рома.
Интер забележа
минимална победа од 1-0, но еден момент од тој меч остави голема негативна трага.
Тоти влезе од
клупата на овој натпревар, најпрво заработи жолт картон, за во самиот финиш на
мечот да му попуштат нервите и да изреагира со тежок прекршок над Балотели, кој
сосема очекувано беше санкциониран од страна на Рицоли, по што Тоти предвреме
мораше да го напушти теренот.
„Денеска фудбалскиот свет ќе загуби нешто посебно, голем шампион… Голема почит, голем капитену!“
напиша Балотели на социјалните мрежи.