Се поизвесно е
дека Пјер-Емерик Обамејанг ќе го напушти тимот на Борусија Дортмунд летово,
веќе стигна и нова информација во однос на неговата следна дестинација,
напаѓачот од Габон веќе обезбедил и вила во елитно населено место во Париз.
Иако се
најавуваше дека бундеслигашот ќе тргне во офанзива по Александре Лаказет од
Лион, сепак најновите информации кои пристигаат дека би можел да се задоволи и
со Марио Балотели од Ница.
Агентот на
Балотели, контроверзниот Рајола, наводно бил забележан од новинарски екипи во
клупските простории на тимот од Дортмунд, по што бил прашан за иднината на
Балотели, на што тој одговорил дека следната сезона ќе игра во редовите на „Милионерите“.
Балотели на 23
натпревари постигна 15 погодоци во францускиот шампионат, притоа во голема мера
му помогна на својот тим да се пласира во квалификациите за пласман во групната
фаза од Лигата на шампионите за следната сезона.
Сепак, вреди да
се потенцира дека реномираниот „Билд“ ги негира овие шпекулации, притоа
додавајќи дека Рајола бил на средба со раководството на Борусија Дортмунд за
друг фудбалер.