146
Марио Балотели доби многу критики за натпреварот за репрезентацијата на Италија против Полска. Многумина се прашуваа зошто Манчини го стави во стартниот тим.
„Убаво е да ги видите коментарите на луѓето и колку многу од нив во Италија ве мразат“, вели Балотели.
„Кога работите ќе одат добро се надевам дека тие ќе продолжат да ме мразат, да не ми даваат поддршка бидејќи важно е да си конзистентен“.
„Тоа е дефинитивно вистинска и оправдана причина зошто не сакам да се вратам во Серија А, мислам дека сега е јасно“.