163
Напаѓачот Марио
Балотели кој дел од својата кариера ја мина во редовите на Милан упати жестоки
критики до навивачите на тој клуб, поради, како што тој вели, непочитување на
неговото време минато во дресот на Росонерите.
„Убаво е се уште
тоа што го слушам од многу навивачи на Милан кои не посакуваат да се вратам во
клубот“ напиша Италијанецот на социјалните мрежи.
„Но, тоа е во
ред, еден ден си им потребен, другиот не“ додаде контроверзниот напаѓач.
„Немам никакви
планови за тоа што понатаму, јас само сакав да го напишам ова за да посочам за
едно големо непочитување на една база на навивачи кои секогаш ќе ми бидат во
срцето“ заклучи Балотели.