Милан синоќа со
1-0 триумфираше над Лацио во важен меч во битката за топ четири пласман.
Натпреварот сепак помина во сенка по тепачката која ја направија гостинските
играчи по последниот свиреж, како и неспортскиот потег на Бакајоко и Кеси.
Франческо Ачерби
и Тимуе Бакајоко во пресрет на дербито се „пецкаа“ на социјалните мрежи, а дефанзивецот
на Лацио соноќа го размени дресот со Французинот за да стави крај на тензијата,
но фудбалерот на Милан заедно со Франк Кеси го измеваа противникот и го покажуваа
дресот пред своите фанови како трофеј.
Џенаро Гатузо
веднаш се извини за однесувањето на неговите избраници, а истото потоа го
сторија и фудбалерите.
„Едноставно сакав
да се пошегувам, немав намера да покажам непочитување кон некого. Доколку
Ачерби се навреди од мојот потег, сакам да му се извинам“ – напиша Бакајоко на
Твитер.
Извинување преку социјалните мрежи испрати и Кеси, кој на Инстаграм напиша: „Горд сум што го носам овој дрес… за овие фанови… за овој клуб. Искрено извинување до Ачерби, едноставно сакавме де се пошегуваме, ништо повеќе. Имам огромна почит кон сите“.