Баерн во вториот дел го „скрши“ Вердер за нова победа (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Баерн Минхен забележа победа на мечот против Вердер Бремен со 3-0 во 21. коло на Бундеслигата.

Избраниците на Винсент Компани одиграа многу добар натпревар, доминираа и одиграа убедлив меч. Иако во првото полувреме немаше погодоци, баварците си ја завршија работата во вторилт дел.

Резултатот го отвори Хари Кејн со гол од белата точка во 56. минута. Пред завршницата Лерој Сане погоди вторпат во гостинската мрежа, а во седмата дополнителна минута Кејн и вторпат реализира најстрога казна за конечните 3-0.

Баерн е убедливо првопласиран во Германија со 54 бода, следи Баер Леверкузен со 45, а Ајнтрахт Франкфурт има 38.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани