Eкипата на Баерн Минхен е во период кога потпишува нови договори со своите најважни фудбалери.
Во минатото дозволија да останат без Роберт Левандовски, додека Алаба замина како слободен фудбалер, но сега со неколку фудбалери од тимот ситуацијата е поинаква.
Нови договори потпишаа Алфонсо Дејвис и Џамал Мусиала, а следен кој треба да ја продолжи соработката е Џошуа Кимих.
Кимих станува слободен на лето и се поврзуваше со ПСЖ, Ливерпул, Барселона и Реал Мадрид, сепак како што стојат работите ќе остане во Барн.
„Се наоѓаме во многу добра позиција во преговорите со Кимих. Се надеваме дека неговиот потпис ќе биде наредниот кој еќ биде завршен. Кимих ќе биде наш капитен кога Ноер ќе се повлече. Остана само заедно да поминеме низ целта и да ставиме потпис на договорот“, изјави директорот Макс Еберл.
Засега не е познато на колку години Кимих ќе го продолжи договорот, но јасно е дека ќе биде еден од најплатените во тимот.