Баерн Минхен слави на гостувањето кај Штутгарт со 1-3 (1-1) на почетокот на 24. рунда во Бундеслигата.
Пресметката која се одигра на „МХПАрена“ понуди четири погодоци и славје на гостите. Штутгарт успеа да дојде прв до гол преку Стилер во 34. минута од натпреварот.
Потоа на сцена стапи Баерн кој преку Олис во финишот на првиот дел израмни, а потоа преку Леон Горецка го комплетира пресвртот во 64. минута. Точка на победата на крајот стави Коман во последната минута.
Со оваа победа Баерн дојде до 61 бод, дури 11 повеќе од шампионот Баер.