Баерн со пресврт го доби Аугусбург, но остана без Милер (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Eкипата на Баетн Минхен славеше уште една победа во Бундеслигата откако вечерва го совладаа Аугусбург во рамките од 28. коло.

Аугусбург одлично го започна натпреварот и по половина час водеше со 1-0, но радоста не траеше долго бидејќи Мусиала пред крајот на првиот дел израмни на 1-1.

По десетина минути игра во вториот дел повреда заработи Милер кој мораше да биде заменет. Аугусбург набрзо се соочи со проблеми откако остана со играч помалку.

Кејн до крајот погоди за 2-1, а конечните 3-1 ги постави Матсима со автогол.

На табелата Баерн е прво со 68 бода, додека Леверкузен зад него е со девет помалку.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани