Баварската машинерија не престанува да ги меле противниците во Германија, денеска на менито беше Келн кој загуби на свој терен со 1-3.
Келн поведе на овој меч, Маина даде гол во 41. минута за водство од 1-0, но во судиското продолжение од првото полувреме Гнабри го изедначи резултатот на 1-1.
Баерн направи комплетен пресврт во 71. минута со гол на Ким, а конечните 3-1 за Баварците ги постави младиот Карл на шест минути до крајот на мечот.
Денеска се одиграа уште три меча во Бундеслигата: Волфсбург – Ст. Паули 2-1, Хофенхајм – Борусија Менхенгладбах 5-1 и Лајпциг – Фрајбург 2-0.