Баерн слави во Дер Класикер и направи џиновски чекор кон титулата! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Баерн Минхен направи џиновски чекор кон титулата во Бундеслига, откако со 2-3 славеше на гостувањето кај Борусија Дортмунд во новото издание на „Дер Класикер“.

Домаќините поведоа преку Нико Шлотербек во првиот дел, но во продолжението следуваше пресврт. Хари Кејн најпрво израмни, а потоа од пенал донесе 1-2 и го запиша својот 30-ти гол сезонава. Борусија возврати преку Филип Свенсон за 2-2 и најави драматична завршница.

Кога се чинеше дека бодовите ќе бидат поделени, на сцена стапи Јошуа Кимих. Во 87. минута тој со прецизен удар ја затресе мрежата и ги постави конечните 2-3 за огромна радост на баварскиот гигант.

Со оваа победа Баерн се одлепи на +11 на десет кола до крајот и практично го отвори патот кон нова шампионска круна

Можно е и ова да ти се допаѓа

×