Баерн Минхен продолжи да доминира во Бундеслигата и денеска забележа убедлива победа од 4-0 на свој терен против Унион Берлин.
Од самиот старт, избраниците на Винсент Компани ја имаа контролата на мечот, а веќе пред паузата обезбедија два гола за брзо водство. Во 43. минута Олис ја отвори серијата со гол за 1-0, а веднаш по тоа, во судиското продолжение, Гнабри зголеми на 2-0. Во второто полувреме доминацијата продолжи, Кејн постигна гол, а Гнабри уште еднаш се запиша во листата на стрелците за конечни 4-0.
Возбудувања понуди натпреварот на Леверкузен, кој на гостувањето кај Хајденхајм заврши со реми 3-3. Фаворитот добро го започна мечот и водеше со 2-0 по головите на Тилеман и Шик, резултат со кој се замина на одмор. Но домаќините се вратија во игра преку Бахренс и Пиерингер во 56. и 72. минута израмнија на 2-2. Шик повторно донесе водство за Леверкузен, но Пиерингер повторно стрелаше за конечни 3-3.
Со ист резултат заврши и дуелот Келн – Менхегладбах (3-3), додека Вердер со минимални 1-0 славеше на гости против Волфсбург.