Неколку извори денеска објавија дека Баерн Минхен сериозно загризал за ангажман на Кристофер Нкунку од Челси, самиот фудбалер е отворен за идејата да се врати во Германија.
„Баварците“ ова лето сакаат да ангажираат нов офанзивен фудбалер, но извисија во намерата да го ангажираат Флоријан Вирц, како и Нико Вилијамс.
Луис Диаз од Ливерпул се споменува како нва опција, исто како и Рафаел Леао од Милан.
Но последните информации велат дека Баерн Минхен сериозно загризал за ангажман на Кристофер Нкунку од Челси.
Французинот се пресели во Лондон пред две години во зделка вредна околу 60 милиони евра, но никогаш не ги оправда очекувањата, па често се говори за негово заминување.
Новинарот Џејкобс Бен попладнево објави дека и Кристофер Нкунку е заинтересиран за враќање во Германија, каде блесна на фудбалската сцена.
Останува да се види дали Баерн Минхен ќе успее да пронајде дил со Челси, „сините“ се подготвени да се разделат со Французинот но само во форма на перманентен трансфер и се верува дека бараат околу 40 милиони евра.
ФОТО: X/Chelsea FC