Баерн сериозно загриза, му го краде голманот на Мурињо од Фенербахче?

by 24 фудбал
1 минути читање

Баерн Минхен сериозно загриза за голманот на репрезентацијата на Хрватска, Доминик Ливаковиќ.

Чуварот на мрежата на Фенербахче добива понуди од повеќе страни, а со сигурност најпривлечна е онаа од Минхен. Ливаковиќ во изминатите години пред сè на репрезентативе, но нешто помалку и на клупски план се етаблира во голман од врвна класа.

Баварците се во потрага по замена за Мануел Ноер кој ќе остане во клубот, ама потребна е и добра резерва. Бидејќи веќе е во ветерански години можно е и Ноер повремено да дели минутажа.

Ако Ливаковиќ не сака да биде резерва, може да остане во Фенербахче на Мурињо или пак да замине во Саудиска Арабија и Шпанија од каде исто така постои интерес за неговиот потпис.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани