Баерн „пукна петарда“ и го прегази Лајпциг (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Eкипата на Баерн Минхен славеше убедлива победа во германското дерби против Лајпциг вечерва во рамките од 15. коло во Бундеслигата.

Натпреварот имаше фуриозен почеток и Баерн по само 30-тина секунди дојде до водство преку Мусиала, а веќе во втората минута Лајпциг го израмни резултатот со голот на Бенџамин Шешко.

По тој израмнувачки гол на Лајпциг Баерн доминираше и беше многу подобар противник, па така до крајот на паузата Лајмер и Кимих обезбедија два гола предност на полувремето.

Продолжи Баерн да напаѓа и да создава шанси и во вториот дел, а со двата гола во три минути на Сане и Дејвис во 75. и 78. минута домашниот тим дојде до убедлива победа.

На табелата Баерн е лидер со седум бода повеќе од Леверкузен, но и натпревар помалку додека Лајпциг има 27 на четвртото место, исто колку и Ајнтрахт.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани